Рецепт за пијалак против мамурлак е хит на ТикТок – се прави со 4 состојки (видео)

Корисничка на TikTok сподели индиска формула која ветува дека ќе стави крај на симптомите на мамурлак, а најдоброто нешто е што може да се подготви дома со само 4 состојки. 

na-tiktok-kruzhi-recept-za-pijalak-protiv-mamurlak-so-4-sostojki-dali-navistina-funkcionira-01.png

Овој пијалак наводно може да помогне да се ослободите од вишокот алкохол во организмот, иако најдобриот начин да спречите мамурлак е да избегнете прекумерно консумирање алкохол.

Па, кога знаете дека нема да се послушате себеси и ќе претерате, снабдете се со потребните состојки однапред, за следниот ден да пробате да си ги олесните симптомите.

Потребни состојки:

  • Минерална вода
  • Кокосова вода
  • Лимон
  • Црна сол (постојат различни видови, но во Македонија може да се купи хималајската црна сол)

Начин на подготовка

  • Во голема чаша или сад ставете минерална вода.
  • Потоа додајте околу една шолја кокосова вода.
  • Ставете го лимонот во микробранова печка 10 секунди за да омекне кората и послесно да се исцеди.
  • Потоа, сокот од лимон додајте го во водата.
  • Додајте пола лажичка хималајска црна сол и промешајте.
@desigirleats curing my hangover desi style #postwedding #hangovercure #asmr #asmrrecipe #drinkasmr #indiandrink #indianfood #desigirleatstheworld #hangover ♬ original sound - DesiGirlEats

Зошто ги одбрала овие состојки?

  • Црната сол помага во ублажување на грчеви во мускулите и намалување на отоци.
  • Минералната вода помага во подобрување на варењето на храната и обезбедува соодветна хидратација.
  • Кокосовата вода придонесува за хидратација и здравје на срцето.
  • Лимонот е богат со витамин Ц и затоа е познато дека помага во подобрување на имунитетот.

Нема гаранција дека овој пијалак ќе функционира кај секого, но можеби вреди да се проба. 

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg