Крцкав и вкусен домашен начос според рецепт на македонска блогерка (видео)

Како да подготвите здрав начос во кој ќе може да уживате без грижа на совест додека ги гледате најновите серии? Подготвени од здрави семки и зачини, овие домашни начоси направени според рецептот на македонска блогерка брзо ќе ви станат идеална замена за чипс. 

krckav-i-vkusen-domashen-nachos-spored-recept-na-makedonska-blogerka-video-01.jpg

Елена Каракашов е Македонка која веќе неколку години живее во Франција и многу често низ нејзините објави на Инстаграм нѐ носи на прошетки низ убавините на Франција. 

Освен што е тука за да ни ги покаже убавините на Југот на Франција, каде што живее, Елена најмногу ужива во готвењето, па главната цел на нејзиниот профил на Инстаграм е да споделува вкусни и лесни рецепти направени по нејзин вкус.

Таа има многу следбеници кои секојдневно уживаат во нејзините вкусни креации, а еден од нејзините рецепти за домашен начос ги воодушеви сите. 

Ова е одличен рецепт за здрави грицки што можете да ги послужите ако имате гости или пак за да уживате додека гледате некоја серија или филм на Нетфликс.

Потребни состојки:

  • 180g пченкарно брашно;
  • 2 лажички сол;
  • 30g сусам;
  • 30g сончоглед;
  • 30g семки од тиква;
  • 15g афион;
  • 15g ленено семе;
  • 1 лажичка куркума;
  • 1 лажичка кумин (по желба);
  • 60g маслиново мсло;
  • околу 140g вода (се додава постепено).

Начин на подготовка:

  • Рерата се загрева на температура до 170 степени Целзиусови;
  • Сите состојки се ставаат во еден сад и се мешаат додека не се добие хомогена смеса;
  • Готовото тесто се префрла на хартија за печење премачкана со масло, па се поклопува со уште еден слој хартија за печење и се истегнува со сукало (тестото се развлекува колку што можете потенко);
  • Кората се пече во претходно загреана рерна на 170 степени околу 25 минути;
  • Се остава да се олади, па се крши на парчиња;
  • Послужете за мезе со вашеото омилено доматно пире, хумус, или едноставно за појадок заедно со јајца на око, авокадо, домат.

Видео постапка:

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by По мој вкус - Елена (@pomojvkus)

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg