Идеален за зимските денови: Мармалад од јаболка и варено вино

Овој алкохолен мармалад во Германија е познат и како „gluhwein jam“, а се подготвува со јаболка и варено вино. 

samo-za-vozrasni-marmalad-od-vareno-vino-01.jpg

Доколку сакате можете да подготвите и безалкохолна верзија од мармаладот со сок од грозје, но според традиционалниот рецепт овој мармалад се подготвува со вино.

Во германската кујна овој мармалад најчесто се користи како фил за колачиња за време на божиќните празници, а можете да го консумирате без страв дека ќе претерате.

За време на готвењето алкохолот речиси во целост испарува, но марамаладот сепак го задржува вкусот на виното.

Потребни состојки:

  • 1.200g јаболка (или 600g јаболка и 600g модри сливи);
  • 600ml црвено вино (или сок од грозје за деца);
  • 200ml сок од портокал;
  • 3-4 каранфилчиња;
  • 1 голема лажица ванилин шеќер;
  • 900g шеќер;
  • сок од 1 лимон;
  • 3-4 големи лажици суво грозје.

Начин на подготовка:

  • Јаболката се лупат и се сечкаат на коцки (сливите се чистат од семки);
  • Во длабоко тенџере се ставаат сите состојки и се ставаат на оган (имајте предвид дека мармаладот се крева додека се вари, па затоа земете подлабоко тенџере);
  • Смесата се вари, со повремено мешање, сè додека не зоврие;
  • Во замрзнувач се става еден мал сад (ќе биде потребен подоцна);
  • Кога мармаладот ќе почне да врие, намалете ја ринглата и оставете да се вари на тивко уште 50-тина минути;
  • За да проверите дали мармаладот е готов, со мала лажица се вади малку од смесата и се става во малиот сад што стоел во замрзнувач. Ако смесата не се разлева кога ќе се наведне садот, мармаладот е готов, а ако растекува, потребно е да се вари уште некоја минута;
  • Откако мармаладот е готов се вадат каранфилчињата од него;
  • Доколку сакате да добиете целосно еднолична смеса, можете да го ставите во блендер;
  • Готовиот мармалад се собира во стерилизирани тегли и се вакумира;
  • Доколку добро се затворени теглите, вака приготвениот мармалад има рок на траење од една година;
  • По отворањето, потребно е теглата да се чува во ладилник.

samo-za-vozrasni-marmalad-od-vareno-vino-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
Рецепт за баклава со бадеми и суво грозје (може да ја правите и во посна варијанта) Погледнете еден поинаков рецепт за баклава кој може да го правите и во посните, ...
Рецепт за вртена пита со паричка за Василица од готови кори Рецепт што ќе им се допадне на младите, но и на искусните домаќинки. Како да под...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg