Талентирана Македонка за која готвењето е уметност: 8 предлог рецепти од Викторија Кочишка

Салата со булгур

Потребни состојки:

  • 1 шолја булгур
  • 1 китка магданос
  • Неколку листови марула
  • 3 ротквици
  • 3 млади кромитчиња
  • Пола конзерва пченка
  • Маслинки
  • Маслиново масло и сол
  • Сок од 1 цеден лимон

Прво се подготвува булгурот. Се прелива со врела вода и се остава да отстои додека не ја впие цела течност.

talentirana-makedonka-za-koja-gotvenjeto-e-umetnost-8-predlog-recepti-od-viktorija-kochishka-09.jpg

Мафини со малини, капини и чоколадо

Потребни состојки:

  • 1 шолја за кафе кафеав шеќер
  • 3 шолји брашно
  • 1 прашак за печиво
  • 1 лажичка ванилин шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 лажичка цимет
  • 1/2 шолја растопено кокосово масло
  • 1 шолја млеко (на собна температура)
  • 2 јајца (на собна температура)
  • 1/2 шолја малини
  • 1/2 шолја капини
  • 100 гр чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

  • Во голем сад се мешаат сувите состојки (освен кафеавиот шеќер): брашното, прашокот за печиво, солта, ванилин шеќер и цимет.
  • Во друг сад се мешаат шеќерот и јајцата. Постепено се додаваат млекото и растопеното кокосово масло.
  • Течните состојки се додаваат во големиот сад со сувите состојки и се меша сè додека не се соедини смесата.
  • Во смесата се додаваат малините, капините и чоколадото и се меша.
  • Со лажица се полнат калапи за мафини и се печат во рерна 20-25 мин на 200 степени.

talentirana-makedonka-za-koja-gotvenjeto-e-umetnost-8-predlog-recepti-od-viktorija-kochishka-03.JPG

Пилешко со зеленчук, соја сос и мед

- Одлична комбинација со ориз

Потребни состојки:

  • 500 гр пилешки стек
  • 250 гр брокула
  • 3 пиперки
  • 2 големи лажици сода
  • 2 големи лажици мед
  • 1 мала лажица вегета
  • 2 мали лажици сусам

Начин на подготовка:

  • Пилешкото се пржи на тава и се зачинува со вегета.
  • Кога ќе биде готово се става 1 голема лажица соја сос, 1 голема лажица мед, 1 мала лажица сусам и се меша 1-2 минути.
  • Се трга пилешкото во сад, а течноста останува. Во истата течност се пржат пиперките.
  • После 10-15 минути се додава брокулата.
  • После 10 минути се додава пилешкото, 1 голема лажица соја сос, 1 голема лажица мед и 1 мала лажица сусам.
  • Се заедно се готви на рингла уште 5 минути.

talentirana-makedonka-za-koja-gotvenjeto-e-umetnost-8-predlog-recepti-od-viktorija-kochishka-07.JPG

Солени мафини

Потребни состојки:

  • 2 шолји бело брашно
  • 1 шолја 'ржано брашно
  • 2 јајца
  • 1 прашок за печиво
  • Пола шолја маслиново масло
  • 1 шолја јогурт
  • 100 гр путер
  • 2 големи лажици кисело млеко
  • 1 мала лажица вегета, малку оригано и сусам
  • 2 големи лажици семки од сончоглед
  • 1 голема лажица семки од тиква
  • Изрендана кора од лимон
  • Како додаток може да ставите: сирење/кашкавал/урда/моцарела.

Начин на подготовка:

  • Јогуртот и киселото млеко се мешаат заедно со малку млака вода.
  • Во поголем сад се мешаат сувите состојки: брашното, прашокот за печиво и зачините.
  • Во посебен сад се мешаат течните состојки: јајцата, јогуртот и киселото млеко, растопениот путер и маслиновото масло. Се додаваат семките и кората од лимон.
  • Смесата од течните состојки се претура во садот со сувите состојки. Се меша додека не се соединат состојките.
  • Се печат во рерна на 200 степени 20-30 мин.

talentirana-makedonka-za-koja-gotvenjeto-e-umetnost-8-predlog-recepti-od-viktorija-kochishka-10.jpg

Уште убави рецепти на нејзиниот Инстаграм профил!

talentirana-makedonka-za-koja-gotvenjeto-e-umetnost-8-predlog-recepti-od-viktorija-kochishka-12.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg