Четири рецепти со кои ќе го искористите стариот леб
Ако натрупавте огромни залихи на леб во изминатиот период и сега нема што да им правите, наместо да го фрлате, искористете го стариот леб за вкусни рецепти.
Но, повеќе нема потреба да го фрлате стариот леб.
Постојат многу рецепти за кои ви е потребен токму стар леб, а во продолжение погледнете четири предлози:
Пудинг со леб и путер
Потребни состојки:
- 250 ml полномасно млеко
- 300 ml павлака
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 3 цели јајца и 1 жолчка
- 3 лажици шеќер
- 8 парчиња бел леб
- 50 g растопен путер
- 75 g суво грозје или какво било суво овошје
- Кора од половина лимон
- 2 лажици кафеав шеќер
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени.
За да го направите пудингот, измешајте ги млекото и павлаката во тенџере и загрејте ја смесата, но не дозволувајте да зоврие. Во меѓувреме, изматете ги јајцата и жолчката со белиот шеќер.
Постепено додавајте ја смесата со млеко во јајцата со мешање. Потоа додајте и екстракт од ванила.
Тавата намачкајте ја со масло. Исечете ги корките од лебот, пресечете ги парчињата на половина и намачкајте ги со растопениот путер. Дел од лебот наредете на дното на тавата.
Измешајте го сувото овошје со лимоновиот сок и половина од смесата додајте ја во тавата.
Распределете го преостанатиот леб во тавата, а потоа додајте ја преостанатата смеса со овошје.
На крај, додајте ја смесата со млеко и јајца и оставете да се впие. Додајте малку кафеав шеќер и печете 35-40 минути.
Брускети
Потребни состојки:
- Маслиново масло
- Парчиња леб
- Крупна сол
Начин на подготовка:
Премачкајте ги парчиња леб со маслиново масло и додајте крупна сол.
Во загреана рерна печете ги 2-3 минути.
Испечените брускети можете да ги намачкате со омилениот намаз, да им додадете домати и моцарела или да ги збогатите и со друг зеленчук како пиперка или тиквичка, печурки и што и да посакате - изборот е ваш.