7 вкусни рецепти за првата недела од божиќниот пост
Сабота: Риба
Потребни состојки: 4 риби (скуша, ослич или харинга), масло, лимон, сол и бибер
Начин на подготовка: Исчистете ја рибата, посолете ја, додајте бибер и маслиново масло и ставете ја во огноотпорна чинија. Врз рибата исцедете малку сок од лимон, прекријте ја со алуминиумска фолија и ставете ја во загреана рерна на 250 степени. Печете половина час, тргнете ја фолијата и печете уште 15 минути.
Недела: Салата од тестенини и туна
Потребни состојки: 1 пакување тестенини, 2 конзерви туна, 6 кисели краставички, 150 грама пченка, 150 грама посен мајонез, сол, бибер и оригано
Начин на подготовка: Сварете ги тестенините и исплакнете ги под млаз вода. Сварете ја пченката, исцедете ја и измешајте ја со тестенините. Додајте ги туната, мајонезот и зачините и добро измешајте.
Понеделник: Крем супа од домати (пост на вода)
Потребни состојки: 500 милилитри сок од домати, 300 милилитри вода, 2 моркови, 1 главица кромид, 2 компири, сол, бибер и магдонос
Начин на подготовка: Во малку вода сварете ги кромидот, морковот и компирот. Измешајте ја смесата со миксер и додајте го сокот од домати.
Оставете ја чорбата да вие 15 минути, а потоа додајте сол, бибер и сув магдонос.
Вторник: Тавче-гравче
Потребни состојки: 500 грама бел грав, 250 грама кромид, масло, сол, бибер, пипер и ловоров лист
Начин на подготовка: Ставете го гравот во тенџере и прелијте го со вода. Оставете го да зоврие, па сменете ја водата и додајте го крупно исечениот кромид. Откако ќе почне да се одделува лушпата од зрната грав, направете запршка од масло, брашно и пипер и додајте ја.
Оставете го гравот да се вари уште неколку минути, додајте ловоров лист и ставете го во тава. Печете го гравот во рерна на 250 степени, додека не се направи кора.
Спирова С. | Црнобело