Направете сами: Црн бургер со домашно тесто

Храната покрај тоа што треба да има добар вкус, треба да биде примамлива и на изглед. Она што го прави овој хамбургер посебен е црната боја на лепчето.

napravete-sami-crn-burger-so-domashno-testo-01.jpg

За да добиете црно тесто може да употребите активен јаглен или прехранбена боја.

Можеби ќе ви звучи необично, но предност даваме на активниот јаглен, бидејќи нема да го смени вкусот на тестото како и прехранбената боја, но е одличен чистач на токсините во телото, што значи дека ќе јадете здрав и вкусен бургер.

napravete-sami-crn-burger-so-domashno-testo-02.jpg

Како да го подготвите тестото за црниот бургер?

Потребни состојки:

  • 250 gr бело брашно
  • 125 ml млака вода
  • 1 лажичка сув квасец
  • 1+1/2 лажичка шеќер
  • ½ лажичка сол
  • 1 лажичка активен јаглен
  • Сусам

Начин на подготовка:

1. Прво измешајте ја водата, квасецот, шеќерот и солта, а потоа додајте го брашното. Растворете го активниот јаглен во 1 лажица вода и додадете го во остатокот од смесата.

2. Измесете го добро тестото и оставете го да скисне околу еден до два часа. Кога тестото двојно ќе нарасне, извадете го од садот, измесете го уште еднаш и поделете го на четири еднакви делови. Обликувајте го секој дел во топче, посипете со сусам и покријте ги со крпа. Оставете ги да отстојат околу 45 минути.

3. Загрејте ја рерната на 200 степени и печете околу 10 до 15 минути.

4. Потоа додадете ги омилените состојки за бургер во изладените црни лепчиња – добра плескавица, омилениот зеленчук, помфрит и сос. Секако, може да подготвите и вегетаријанска варијанта со состојки по сопствен избор.

napravete-sami-crn-burger-so-domashno-testo-03.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg