Прсти да излижеш – брзо и вкусно италијанско стромболи

Овој италијански рецепт се прави брзо и лесно благодарение на модифицираниот рецепт адаптиран за домашни услови. Вкусот е неверојатен, потсетува на солен ролат, пица и калцоне истовремено, и со сигурност ќе го направите неколку пати за вас и вашите најблиски.

Brzo-i-vkusno-italijansko-Stromboli-01.jpg

Шмекот го дава италијанската салама, а се вадат 6 до 8 големи, убави парчиња. Еве како може да направите италијанско Стромболи:

Потребни состојки:

  • 1-2 парчиња готово лиснато тесто (во зависност од големината)
  • ½ шолја доматен (или пица) сос
  • 12 парчиња италијанска салама (или друга по желба)
  • 16 парчиња кулен
  • 1 + ¼ шолја моцарела
  • 1 јајце
  • 2 лажици свежо исечкан магдонос

Brzo-i-vkusno-italijansko-Stromboli (1).jpg

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200˚С. Извадете го лиснатото тесто (доколку е помало, слободно може да споите 2 парчиња готово лиснато тесто).

2. Развлечете го малку и полијте го со доматниот сос. Сепак, внимавајте краевите да останат суви.

3. Наредете ја италијанската салама, куленот и истурете 1 шолја рендано моцарела сирење.

4. Завиткајте го Стромболито во облик на ролат. Онаму каде што завршува виткањето, таа страна треба да биде на дното. Стиснете ги краевите од двете страни на ролатот, со цел да не истече филот.

5. Изматете го јајцето и премачкајте го Стромболито. Остатокот од ¼ шолја рендана моцарела посипете ја врз ролатот и ставете свеж магдонос (по желба).

6. Печете 15-20 минути, или додека Стромболито не зарумени. Сервирајте топло со дополнителен пица сос.

Brzo-i-vkusno-italijansko-Stromboli (2).jpg

Brzo-i-vkusno-italijansko-Stromboli (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg