Сезона на смокви – лесна торта со омиленото есенско овошје и ф’стаци
Смоквите се овошје на кое не можете да останете рамнодушни, а најголемиот проблем е што не можете да се решите дали се повкусни свежи или пак во слатко со зелени или зрели смокви.
Овој пат за вас имаме едноставен, но превкусен рецепт со свежи смокви и ф’стаци. Меката торта со кремаст фил и смокви има вкус за паметење, а покрај тоа изгледа одлично, односно мошне е декоративна.
Потребни состојки:
За тестото:
- 300 g сенаменско брашно
- 150 g кафеав шеќер
- 4 јајца
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 лажица цимет
- 250 ml сончогледово масло
- 50 g мелени ореви
- 50 g мелени бадеми
- ½ лажичка сода бикарбона
- 2 рендани јаболка
За филот:
- 750 ml млеко
- 120 g шеќер
- 2 кесички ванилин шеќер
- ½ лажица брашно
- 2 лажици нишесте
- Сок и кора од 1 лимон
- 120 g омекнат путер
За украсување:
- 800 g свежи смокви
- 100 g ф’стаци
Начин на подготовка:
1. Во подлабок сад измешајте ги јајцата заедно со кафеавиот шеќер и ванилиниот и матете додека шеќерот целосно не се стопи. Додадете го маслото, циметот, сода бикарбоната, брашното и нежно промешајте. На самиот крај, додадете ги мелените ореви и бадеми, како и двете изрендани јаболка.
2. Добро промешајте ја смесата, истурете ја во подмачкан калап за печење и печете го тестото околу 45 минути во загреана рерна на 180 °C. Откако ќе се испече, оставете го добро да се олади.
3. Во подлабок сад ставете го млекото, двата типа шеќер и добро измешајте. Додадете ги брашното и густинот и добро измешајте со маталката, со цел да нема грутки.
Вака подготвената мешавина ставете ја да се вари на средна температура додека не добиете густ крем. Тргнете го на страна да се олади.
Кога кремот ќе биде оладен, додадете го путерот, сокот и кората од 1 лимон и добро измешајте.
4. Оладеното тесто поделете го на 2 дела. Долната кора намачкајте ја со половината од кремот и ставете половинки смокви и исечкани ф’стаци.
Поклопете ја тортата со втората кора и повторете ја истата постапка, декорирајќи со преостанатите смокви и ф’стаци.
(О)Милена | Црнобело