Рецепт за најсовршениот пинџур што лесно може да го направите сами дома на шпоретот
Искусните домаќинки и готвачки постојано испробуваат многу рецепти. Но, навистина е тешко да се направи добра зимница во домашни услови, во смисла доколку немате премногу простор на располагање.
Сепак, една од нив го споделува рецептот за совршен пинџур што може да си го направите сами на шпоретот дома:
Потребни состојки:
- 5 kg црвени, меснати пиперки
- 3 kg домати
- 100 g шеќер
- 150 ml јаболков оцет
- 300 ml сончогледово масло
- 1 голема лажица ситна, морска сол
- 1 помала китка свеж магдонос
- 2 мали лажички лук во прав
Начин на подготовка:
1. За почеток, ќе ви бидат потребни 4 празни, чисти тегли од 750 g или пак 8 od 370 g. Потребно е добро да ги измиете и да ги стерилизирате на топло и секако, да бидат сосема суви.
2. Измијте ги добро пиперките и доматите и испечете ги во голем плех во рерната на 220˚C додека не поруменат. Бидејќи зеленчукот ќе пушта вода, со цел да не ви се „свари“, во текот на печењето исцедете ја водата од плехот и продолжете со печењето (наведената количина зеленчук ќе се испече на 4 пати во рерната).
3. Откако ќе се испече, ставете ги пиперките и доматите во ќеси и добро затворете ги за да се здушат. На тој начин полесно ќе ги излупите. По 2-3 часа, излупете го зеленчукот, вадејќи ги дршките и семето од пиперките. Исечкајте ги заедно со патлиџаните и исцедете ги уште малку низ цедалка, но не премногу, нека остане и малку од сокот.
4. Вака подготвениот зеленчук може веднаш да се свари или пак да се остави преку ноќ во фрижидерот и да се зготви утредента. Префрлете го исечканиот зеленчук во поголемо тенџере. Прво додадете го шеќерот, а потоа течните состојки, маслото и јаболковиот оцет.
5. Доколку ринглата ви е со јачина до 6, зеленчукот се пржи на 4. Се промешува на секои 5-10 минути, а доколку го пржите и подолго нормално треба да се промешува и почесто.
6. Пинџурот ќе биде готов за 50-60 минути. 10 минути пред крајот додадете го лукот во прав како и ситно исечканиот магдонос. Во оваа фаза проверете дали е добро посолен и доколку недостасува, додадете уште сол по вкус.
7. Жешкиот пинџур се префрла во чистите тегли и се враќаат во рерната уште 15 минути на 100˚C. Потоа, исклучете ја рерната и оставете ги уште 30 минути или додека не фатат „кора“ на површината.
8. Извадете ги од рерната, добро затворете ги со капачињата и оставете го пинџурот да се олади на темно и суво место.
(О)Милена | Црнобело