Полнети црвени пиперки со шунка, сирење и кашкавал
Сезоната на црвени пиперки започна и не можеме да бидеме посреќни. Покрај неизбежниот ајвар, лутеница и сите останати есенски вкусности, црвените пиперки може да ги искористите во многу повеќе интересни рецепти.
Овојпат подгответе брз ручек или мезе со црвени пиперки кои ќе ги наполните со шунка, сирење и кашкавал.
*Количината на состојките варира според бројот на црвените пиперки што ќе ги наполните.
Потребни состојки:
- 2 црвени пиперки
- 50 gr Фета сирење
- 50 gr шунка или сланина (по избор)
- 50 gr кашкавал Гауда (или каков било друг, исто по избор)
- 2-3 лажици кисела павлака
- Босилек, сол, црвен пипер, магдонос, бибер
Начин на подготовка:
1. Исечете ги пиперките по должината и добро исчистете го внатрешниот дел.
2. Измешајте ги сите горенаведени состојки за филот и наполнете ги пиперките.
3. Печете во загреана рерна на 190˚С околу 10-15 минути додека добро не се заруменат. Послужете ги топли.
(О)Милена | Црнобело