Дански путер колачиња кои се топат во уста - совршен почеток на есента

Зарем има поубав почеток од есента од крцкави, а истовремено меки колаченца кои се топат во устата? Ќе го почувствувате вкусот на путерот и одвај ќе се сопрете да не изедете многу повеќе од едно или две.

Danski-kolacinja-koi-se-topat-vo-ustata-01.jpg

Овие традиционални дански колачиња се подготвуваат лесно и брзо, а одлично одат со млеко, шолја чај или топло чоколадо.

Потребни состојки:

  • 200 gr брашно
  • 120 gr путер
  • 80 – 100 gr шеќер во прав + додатен шеќер за посипување на колачињата
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • Малку прашок за печиво
  • 1 јајце

Danski-kolacinja-koi-se-topat-vo-ustata (2).jpg

Начин на подготовка:

1. Во подлабок сад помешајте го брашното со прашокот за печиво, стопениот путер, јајцето, шеќерот во прав и 1 кесичка ванилин шеќер. Замесете меко тесто

2. Ставете го во шприц за тулумби и обликувајте мали кекси, односно колачиња. Поставете ги врз хартија за печење во претходно подготвен плех.

3. Печете во загреана рерна на 180˚C околу 15 минути.

4. Печените колачиња посипете ги со останатиот дел од шеќерот во прав заедно со ванилиниот шеќер додека се уште топли.

Danski-kolacinja-koi-se-topat-vo-ustata (4).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg