Брзо мезе со зачинети, печени компирчиња – крцкави однадвор, а меки одвнатре

Еве една одлична идеја за брзо и лесно мезе, рецепт кој ќе ви се најде за ненајавени гости или во моментите кога имате потреба да вкусите нешто солено и добро зачинето.

Brzo-meze-so-zacineti-peceni-kompircinja-01.jpg

Особено во овие жешки денови кога не ви е дојдено до многу готвење и пржење, овие компирчиња се печат во рерна, а вкусот е неодолив.

Потребно ви е:

  • 8 големи компири
  • ½ шолја масло
  • ½ лажица лук во прав
  • ½ лажица црвен пипер
  • 2 лажици ситно рендано тврдо сирење (најдобро е да употребите пармезан)
  • ¼ лажица бибер

Начин на подготовка:

1. Излупете го компирите и исечкајте ги на покрупни парчиња.

2. Измешајте ги сите суви состојки, вклучително и пармезанот и добро извалкајте ги компирите во смесата. Поставете ги во плехот врз хартија за печење.

3. Печете ги компирчињата во загреана рерна на 190˚С околу 45 минути.

4. Послужете ги со тартар сос, кечап или мајонез, по желба.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg