Ладен ролат со малини - освежувачко, слатко задоволство на чинија

Свежите малини ни се конечно достапни, но за овој рецепт може да употребите и смрзнати. Вкусот секако е неодоливо освежувачки и бидете сигурни дека сите ќе побараат парче повеќе.

Laden-rolat-so-malini-01.jpg

Ролатот се прави брзо и лесно, а резултатот е воодушевувачки, одличен за овие топли, летни денови.

Потребно ви е:

За тестото:

  • 6 големи јајца (поделени жолчки од белки, на собна температура)
  • 200 gr шеќер (поделен на 2 дела)
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 120 gr просеано бело брашно

За филот:

  • 500 ml слатка павлака
  • 300 gr крем-сирење
  • 5 лажици шеќер во прав (или повеќе, доколку сакате кремот да е поблаг)
  • 200 gr малини + 100 gr малини врз ролатот (за подоцна, пред послужувањето)

Laden-rolat-so-malini (4).jpg

Начин на подготовка:

1. Загрејте на рерната на 190˚С и подгответе тавче за печење обложено со хартија и малку масло.

2. Прво изматете ги белките од јајцата во подлабок сад. Полека додадете 100 gr шеќер и продолжете со матењето со средна брзина. Префрлете ја белата, пенеста смеса во чист сад.

3. Вториот чекор е да изматите жолчките со преостанатите 100 gr шеќер и кесичката ванилин шеќер. Матете со повисока брзина околу 3 минути.

4. Полека почнете со додавање на кремот од белки во оваа смеса, со помош на шпатула и нежно мешајте. Откако внимателно ќе ги измешате смесата од белки и жолчки, започнете полека со додавање на брашното и нежно мешање, на истиот начин како што ја додававте смесата од белките.

5. Префрлете ја смесата во подготвениот сад за печење. Печете околу 10-12 минути или додека тестото не стане жолто-златно. Откако ќе се испече извадете го и оставете да се олади.

6. Подгответе го кремот од слатката павлака, крем-сирењето и прав шеќерот и добро измешајте го. Додадете ги и малините и изматете го добро кремот со миксер.

7. Откако тестото ќе го извадите од рерната и добро ќе се излади, врз изладената кора нанесете го кремот од малини. Завиткајте ролат, па префрлете го 1 час во замрзнувачот, а потоа може да го ставите во фрижидерот.

8. Пред послужувањето може да го премачкате ролатот со шлаг крем, (подготвен според упатството на кесичката, но ова сепак е опционално) и да наредите малини врз него.

* Доколку не сакате шлаг, едноставно посипете го ролатот со шеќер во прав и нанесете неколку свежи малини врз него.

Laden-rolat-so-malini (3).jpg

Laden-rolat-so-malini (2).jpg

Laden-rolat-so-malini (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg