Летна чоколадна пита со сливи – слатко уживање за кое ќе ви треба голема виљушка

Една од причините поради кои го сакаме летото е изобилството од овошје, а црните сливи не се никаков исклучок.

letna-chokoladna-pita-so-slivi-slatko-uzivanje-za-koe-ke-vi-treba-golema-viljushka-01.jpg

Овој пат ви предлагаме да ги употребите во прекрасна чоколадна пита. Внимавајте, се јаде навистина брзо, а ќе ви биде потребна голема виљушка (и за подготовка и за јадење) на ова слатко уживање.

Потребни состојки:

* За тестото

  • 300 g остро брашно
  • 20 g какао во прав
  • 50 g шеќер
  • 75 g ладен путер
  • 1 лажица кисела павлака
  • 100 g стопена чоколада
  • 1 јајце

* За чоколадниот крем

  • 150 g путер
  • 70 g шеќер
  • 3 жолчки
  • 1 мала лажичка екстракт од ванила
  • 100 g стопено чоколадо
  • 10 преполовени, зрели, црни сливи

Letna-cokoladna-pita-so-slivi-02.jpg

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200 °C.

2. Во подлабок сад измешајте ги прво сувите состојки: брашното, какаото, шеќерот и ладниот путер. Обидете се со миксер или со помош на виљушка да направите смеса. Потоа додадете лажица кисела павлака, јајцето и стопеното чоколадо. Добро измешајте и замесете меко тесто. Сепак, внимавајте, не смее да ви се лепи на прстите, па доколку е потребно слободно додадете уште малку брашно, со цел тестото да стане меко и еластично.

3. Обликувајте го тестото во голема топка и замотајте го во проѕирна фолија. Оставете го во фрижидерот да отстои околу 30 минути.

4. Во меѓувреме, подгответе го чоколадниот крем. Во друг подлабок сад измешајте ги сите горенаведени состојки за кремот и матете со миксерот додека не добиете смеса со свиленкаста текстура.

5. Во сад за печење кој сте го обложиле со хартија и малку масло распоредете го тестото, избоцкајте го на неколку места со виљушка и печете 15 минути.

6. Извадете го тестото да се олади околу 10-тина минути. Потоа додадете го чоколадниот крем и наредете ги преполовените сливи. Вратете ја питата во рерната да се допече, од прилика уште 35 минути додека не забележите дека кремот го зголемил својот волумен.

Letna-cokoladna-pita-so-slivi-03.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg