Десерти од само 2 состојки, од кои едната е Нутела

Бомбици со Нутела, освежителен и сладок сладолед или Нутела мус – кој ќе биде вашиот омилен десерт?

deserti-od-samo-2-sostojki-od-koi-ednata-e-nutela-01.jpg

Ако сте љубител на Нутела, овие рецепти нема да ве разочараат, бидејќи главната состојка им е вкусниот крем.

Се подготвуваат лесно и брзо, а не ви се потребни ниту многу состојки.

Пробајте да направите некој од овие 3 лесни и брзи десерти со две до три состојки, од кои едната е Нутела.  

Бомбици од Нутела

Потребни состојки:

  • 1 лименка кондензирано млеко
  • 150g Нутела
  • Чоколадни трошки

Начин на подготовка:

Ставете ги кондензираното млеко и Нутелата во тавче да се загреат. Мешајте додека не се соедини смесата и не почне да се одлепува од дното.

Тргнете од оган и оставете да се излади. Со раце формирајте топчиња и извалкајте ги во чоколадните трошки.

Нутела сладолед

Потребни состојки:

  • 4 лажици Нутела
  • 500 ml млеко
  • 50g слатки бисквити

Начин на подготовка:

Ставете ги Нутелата и млекото во тавче на тивок оган. Мешајте додека смесата не се соедини целосно. Оставете да се излади. Искршете ги бисквитите на ситни парчиња или изблендирајте ги.

Ставете ја смесата во калапи за сладолед и оставете да се замрзнуваат 1 час. Извадете ги за да ги ставите стапчињата и вратете во замрзнувач уште 3 часа.

Нутела мус

Потребни состојки:

  • 300g Нутела
  • 240g слатка павлака
  • Рендано чоколадо

Начин на подготовка:

Ставете ги Нутелата и павлаката во сад и мешајте ги со миксер додека не се соедини смесата. Ставете ја смесата во чашки и оставете ги во фрижидер 1 час. Декорирајте со рендано чоколадо и послужете.  

Целата постапка за трите рецепти погледнете ја во видеото:

https://www.facebook.com/watch/?v=2225233694236504

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Прсти да излижете: Мафини полнети со Нутела и чоколаден фил Мафини од кои тече Нутела крем, а се декорирани со шлаг. Звучи примамливо нели!?...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg