Лесно и вкусно: Мини залчиња со лубеница и фета сирење
Сезоната на лубениците веќе започна и не можеме да бидеме посреќни. Бидејќи кој не сака лубеница? Слатка, вкусна, со малку калории и многу свежина, време е да ја употребите кралицата на летните овошја во еден малку поинаков рецепт.
Овие мини залачиња совршено го комбинираат слаткото и соленото.
Покрај неверојатниот вкус, мини залчињата изгледаат прекрасно и се прилично фотогенични.
Потребни состојки:
- 2 лажици густ балсамико оцет
- 1 лубеница со средна големина, исчистена од семките и исечкана на мали коцки
- 150 g фета сирење, исечено на помали коцки (третина од оние од лубеницата отприлика)
- Свежи ливчиња босилек
Начин на подготовка:
1. На чинијата за сервирање истурете го балсамико оцетот.
2. На дрвено или декоративно стапче ставете една коцка лубеница, ливче босилек, коцка фета сирење и завршете со уште една коцка лубеница.
3. Откако ќе ги направите сите залчиња од лубеница и фета, сервирајте ги над истурениот балсамико оцет и уживајте во вкусот.
(О)Милена | Црнобело