Домашен сладолед од кајсии готов за 5 минути
Во топлите летни денови важно е доволно да се хидрирате, а што е повкусно и посвежо од домашен сладолед?
За здравствените придобивки на кајсиите не треба ни да се зборува. Покрај тоа што освежуваат, полни се со витамини и минерали.
Па, во летните денови, искористете го изобилството на кајсии и направете си домашен сладолед од нив, наместо да оставите да скапуваат.
За подготовката не ви требаат повеќе од 5-10 минути, а ќе уживате во слаткото задоволство.
Ќе ви бидат потребни следните состојки:
- 450 g свежи, зрели кајсии
- 120 ml вода
- 100 g шеќер
- 250 ml слатка павлака
- 1/2 лажица екстракт од ванила
- Неколку капки свеж сок од лимон
Начин на подготовка:
Извадете ги семките од кајсиите и исечете ги кајсиите на шест парчиња. Ставете ги во тенџере, додадете половина чаша вода и ставете ги на оган додека водата да зоврие.
Покријте го тенџерето и оставете ги кајсиите да стојат во жешката вода околу десет минути, мешајќи повремено, додека не омекнат.
Оставете ги кајсиите да се изладат, а потоа ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете изедначена смеса.
Павлаката измешајте ја со шеќерот, додека не добиете густа смеса, потоа додадете екстракт од ванила, неколку капки сок од лимон, и на крај додадете ја смесата од кајсиите.
Мешајте во блендер или со миксер, додека не добиете мазна, изедначена смеса.
Ставете ја смесата во замрзнувач и сервирајте по желба.
Ашера | Црнобело