Десерт без печење готов за 20 минути - Летен чизкејк со лимон
За време на летните денови никој од нас не сака да поминува премногу време во кујната. Но, кога станува збор за десертите може да направиме мал исклучок од правилото.
За среќа, постои толку лесен и едноставен рецепт кој ќе ве освежи и заслади истовремено. Не е потребно да ја вклучите рерната, а состојките се лесно достапни.
Направете си летна верзија на добро познатиот чизкејк – со лимон:
Потребни состојки:
- 150 g бисквити (пожелно е да имаат путер во нив)
- 50 g путер
- 20 g шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 320 g маскарпоне
- Кора од 1 лимон
- Лимонов сок од 3 исцедени лимони
Начин на подготовка:
1. Сомелете ги кексите во блендер, па додадете го стопениот путер и шеќерот во смесата. Добро измешајте ги сите состојки.
2. Добиената смеса натапкајте ја рамномерно во одбраниот калап за торта врз хартија за печење. Ставете ја во фрижидер 1-2 часа со цел смесата да стане цврста и компактна.
3. Што се однесува до подготовката на филот потребно е да си измешате преостанатите состојки, односно маскарпонето, ванилиниот шеќер, кората од лимон и лимоновиот сок.
4. Состојките измешајте ги рачно, со миксер или со блендер, сè додека добро не се соединат.
5. Истурете го филот врз првиот слој од бисквити во калапот. Вратете ја тортата во фрижидер со цел филот да се стегне и послужете.
(О)Милена | Црнобело