Брзо мезе за ненајавени гости - палачинки со рендани тиквички
Тиквичката е еден од најомилените летни зеленчуци. Лесна, вкусна, содржи малку калории, а одлично се вклопува во предјадења, главни јадења, супи и салати.
Практично сè може да направите со тиквички. Нашиот предлог овој пат е брз рецепт за појадок, ручек или мезе за ненајавени гости.
Потребни состојки:
- 2 тиквички (околу 650 gr.)
- 1 лажичка сол
- 2 јајца
- 100 gr. Брашно
- 3 лажици овесни снегулки
- ½ лажичка сол
- ¼ лажичка црвен пипер
- Маслиново масло
- 200 gr. кисела павлака
- 2-3 кисели краставички
- Семки од тиква
- 1 лимон
Начин на подготовка:
1. Изрендајте ги тиквичките во подлабок сад. Посолете ги и оставете ги да отстојат 10 минути. Исцедете го вишокот вода од нив.
2. Додадете ги јајцата, брашното, овесните снегулки, црвениот пипер, сол и бибер по вкус. Добро измешајте ја смесата.
3. Намачкајте ја тавата со маслиново масло и обликувајте мали палачинки од смесата. Пржете на средна температура додека добро не заруменат.
4. Подгответе го сосот од павлака, рендани кисели краставички и црн бибер. Потпечете ги семките од тиква на тивок оган.
5. Послужете ги палачинките со подготвениот бел сос. По желба врз нив може да додадете цеден лимон и потпечени семки од тиква.
(О)Милена | Црнобело