Летна салата со праски, рукола и ф’стаци - освежувањето што ви е потребно
Сезоната на праските започна и ова е одлична можност да ги употребите во малку поинаков рецепт. Доколку сакате да експериментирате со вкусови и сте во потрага по рецепт со интензивна арома и едноставна подготовка, ова е вашиот нов предизвик.
Салатата ја комбинира сладоста на овошјето и горчливиот вкус на руколата. Заокружена со малку ф’стаци претставува добитна летна комбинација.
Салатата е доволна за 4 порции, а секоја од нив содржи само 184 калории. Подготовката трае околу 10 минути, а достапно е и видео за полесно да ја направите:
Потребни состојки:
- 3 зрели праски
- 4 шолји свежа рукола
- ½ шолја потпечени ф’стаци, крупно исечкани
- 1 лажица масло од семки од грозје (или друго неутрално масло – ленено, сусамово, масло од тиква)
- 1 лажица сок од лимон
- 1 лажица семе од коноп
- ½ лажичка агаве сируп
- Прстофат сол
Начин на подготовка:
1. Во подлабок сад ставете ја измиената рукола, сечканите праски и потпечените ф’стаци.
2. Во помал сад помешајте го маслото, сокот од лимон, агаве сирпуот и солта.
3. Истурете го преливот врз салатата и добро измешајте, а на крајот додадете семе од коноп.
(О)Милена | Црнобело