Најдобрите рецепти кои се подготвуваат од само две состојки
Звучи, речиси невозможно да се создаде вкусен појадок, ужина или десерт од само две состојки. За среќа, ова е сосема изводливо.
Во согласност со ова ви даваме неколку идеи кои ќе ви помогнат да подготвите вкусно и лесно јадење, кога немате време или намирници да готвите класичен ручек.
Брашно + јогурт = тесто
Во поголем сад измешајте јогурт и 1½ чаша брашно. Кога состојките ќе се соединат пренесете ги на рамна површина покриена со брашно и месете 5-8 минути.
Кога тестото е подготвено, исечете го на помали парчиња и пржете го 20 секунди од двете страни. Тестото можете да го користите и за подготовка на пица.
Банана + јајца = палачинки
Исечете една голема банана на парчиња и ставете ја во сад. Додадете две јајца, а потоа мешајте ги состојките со миксер додека не добиете компактна мазна мешавина.
Печете ги палачинките 1 минута, од двете страни или повеќе ако е потребно. Служете ги со парчиња банани.
Кашкавал + салама = мини пица
Изрендајте го кашкавалот и ставете го во сад за печење, потоа наредете ја саламата врз него. Користете хартија за печење за да не се залепи кашкавалот.
Печете 5 минути на 200 степени. Кога мини „пицата“ е подготвена, оставете ја да се излади, а потоа внимателно отстранете ја од хартијата.
Пиво + сирење = сос
За овој сос најдобро е да користите чедар, кој треба да го изрендате. Пивото треба да се загрее во тенџере на средно висока температура.
Потоа постепено додавајте го чедарот и мешајте додека истиот не се стопи. Истурете го сосот во чинија и сервирајте го со храна по избор.
Нутела + јајце = торта
Измешајте 4 јајца со миксер додека нивниот волумен не се зголеми трипати. Додадете ја Нутелата, постојано мешајќи со миксер.
Ставете ја смесата во сад за печење, подмачкан со путер. Печете 25-30 минути во загреана рерна до 180 степени.
Путер од кикиритки + банана = сладолед
Исечкајте 4 банани на кругови, ставете ги во пластична кеса и оставете ги преку ноќ во замрзнувач. Замрзнатите банани измешајте ги со путер од кикиритки во блендер додека не добиете компактна смеса.
Послужете веднаш ако сакате мек сладолед или замрзнете ја смесата, ако сакате посилна текстура на сладолед.
Ашера | Црнобело