Готов за 15 минути: Џем од јагоди кој ќе ве врати во детството
Јаготки кои се мачкаат на леб – појадок, ужинка и вечера која честопати знаевме да ја јадеме како деца, посебно додека бевме на чување кај баба и дедо.
Па, како да им го подготвите истото слатко уживање и на младите генерации?
Ова е рецептот за најбрзиот џем од јагоди со вкус кој ве враќа во детството...
Потребни состојки:
- 700g јагоди
- 150g шеќер
- Голема лажица сок од лимон
- 2 лажици екстракт од ванила
Подготовка:
Јагодите добро измијте ги и исчистете ги, па исечкајте ги на парчиња со средна големина. Ставете ги во длабоко тенџере.
Додајте шеќер, покријте со капак и почекајте смесата да зоврие. Повремено мешајте.
Кога ќе се појави бела пена, отстранете ја со помош на лажицата.
Откако смесата ќе зоврие, нека се вари уште 10 минути.
Кога ќе поминат 7-8 минути, додајте го сокот од лимон и екстрактот од ванила.
Сварениот џем ставете го во тегла и чувајте во фрижидер.
Освен на парче леб со путер, може да го користите и за слатки, колачи, торти и разни десерти.
М. Д. | Црнобело