Мини Павлови тортички со јаготки - слатко уживање на кое нема да одолее никој
Лесната торта која ѝ посветена на руската балерина Ана Павлова овој пат доаѓа во поинаков облик – мини тортички со јагоди како создадени за пролетните денови. Јагодите се во полн ек, ова е нивната сезона, па време е да ги употребите во нешто лесно и вкусно.
Додека Австралија и Нов Зеланд со години биле со препирка кој од нив ја измислил познатата Павлова торта, која согласно легендата го добила името според руската балерина која во 1920 година ги посетила и двете земји, пред нас имаме нов, свеж рецепт, односно варијација на оригиналот.
Потребни состојки:
- Слатка павлака за готвење - 250 ml
- 1 лажица ликер од јагоди
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 500 ml млеко
- 4 жолчки
- 100 gr шеќер
- 35 gr густин
- Свежи јагоди
Начин на подготовка:
1. Павлаката за готвење заедно со половина од шеќерот, половина од ванилата и ликерот од јагоди изматете ги додека не добиете густ крем. На хартија за печење со помош на лажица, оформете мали кругови од кремот кои малку ќе ги втиснете на дното (но без претерување). Ставете ги во фрижидерот да се ладат.
2. Во млекото додадете го преостанатиот ванилин шеќер и ставете го да се вари. Кога млекото ќе почне да врие тргнете го од огнот. Во меѓувреме изматете ги жолчките со преостанатиот шеќер, додадете го густинот и добро измешајте. Во оваа смеса додадете малку од топлото млеко и добро измешајте додека сè не се соедини и не останат никакви грутки.
3. Добро измешаната смеса вратете ја во тенџерето во коешто го варевте млекото и мешајте а тивок оган додека не се згусне. Откако ќе се направи жолтиот крем префрлете го во сад и почекајте добро да се олади.
4. Во корпичките од шлаг кои ги направивте претходно со лажица наполнете крем. Украсете со половинки јагоди и вашите мини Павлови тортички се спремни за јадење.
(О)Милена | Црнобело