Брз и здрав десерт – Вкусна гранола готова за 20 минути
Маркетите се преплавени со гранола во сите можни комбинации - со јатки, со суви овошја, без шеќер, но најслатката гранола доаѓа директно од вашата рерна.
Ова е едноставен рецепт што се учи напамет, а кога еднаш ќе го усовршите може да ги менувате намирниците по сопствен вкус. Најважно е да не се препече и комплетно да се олади пред да ја складирате во херметички сад.
Овие едноставни чекори се доволни за да направите совршена и здрава гранола.
Состојки:
- 1 чаша безглутенски овесни снегулки
- ¼ чаша таан
- 4 до 5 сецкани урми
- ¼ чаша несолени индиски ореви
- ½ чаша кокосови снегулки
- 3 до 4 лажици какао во прав
- 1 до 2 лажици цимет
Начин на подготовка
Со дехидратор или во рерна - по ваш избор:
Загрејте го дехидраторот на 50°C и поставете го на тајмер од 6 часа.
Може да се пече и во рерна - загрејте ја рерната на 150°C. Измешајте ги сите состојки заедно во сад за мешање додека не добиете рамномерна смеса.
Ставете ја мешавината во блендер и мешајте неколку секунди, само за да ја распаднете гранолата, но не треба да стане прав. Идеално е да блендирате 3 пати по 5 секунди и да промешувате пред секое блендирање.
Откако ќе постигнете соединетост на смесата по ваш вкус, ставете ја гранолата во дехидраторот и оставете ја полека да стане крцкава. Потребни се околу 6 часа, но во суштина се работи за личен избор.
Доколку ја подготвувате во рерна доволни се 20 минути.
Чувајте ја гранолата во херметички сад во вашата кујна или во фрижидерот доколку сакате да биде ладна. Додадете свежо овошје и уживајте. Вака приготвената гранола трае три недели.
А. Ш. | Црнобело