Бразилски десерт без печење: Чоколадна торта со редени бисквити
Pavê е бразилски десерт кој најчесто претставува слоеви од фил и бисквити, а оваа чоколадна торта е токму таква.
Оваа чоколадна торта редена со бисквити ќе ви стане омилен десерт за сезоната пролет-лето.
Се подготвува лесно, не треба да се пече и се служи ладна - идеална за овој период.
Неодоливо вкусна и се топи во уста!
Потребни состојки:
- 2 лименки кондензирано млеко
- 2 лажици какао
- 30g путер
- 200g сечкано темно чоколадо
- 400g слатка павлака
- 480g чоколадни бисквити по желба
- ½ шолја чоколадни трошки
Начин на подготовка:
Измешајте ги кондензираното млеко со какаото и ставете ги на среден оган. Додадете го путерот и темното чоколадо и мешајте додека смесата не почне да се одлепува од тавчето.
Додадете ја слатката павлака и мешајте додека смесата не се соедини. Оставете малку да се олади.
Во сад, ставајте наизменично слој фил па слој чоколадни бисквити.
Одозгора наросете со чоколадни трошки и оставете во фрижидер најмалку 3 часа.
Pavê de BrigadeiroEsse maravilhoso pavê de brigadeiro vai te deixar com água na boca! 🤤 Receita completa 👉 https://taste.md/2xUX7JW
-->Posted by Tastemade Brasil on Sunday, October 8, 2017
Pavê de BrigadeiroEsse maravilhoso pavê de brigadeiro vai te deixar com água na boca! ? Receita completa ? https://taste.md/2xUX7JW
Posted by Tastemade Brasil on Sunday, 8 October 2017
М. М. | Црнобело