Лесно, здраво и вкусно - Растурена сувлаки салата

Доколку се заситивте од празнично печено црвено месо, многубројните крем салати, варените јајца и вкусни десерти, време е за нешто лесно, здраво и вкусно.

Rasturena-suflaki-salata-01.jpg

Растурената сувлаки салата се подготвува мошне едноставно. Главната состојка се секако свежи зеленчуци, па добро ќе му дојде на организмот малку одмор од мрсната, тешка храна:

Потребни состојки:

За пилешкото месо во маринада:

  • 500-750 gr пилешки гради, исечени на ситни коцки
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 цеден лимон
  • 3 чешниња лук, исечкан
  • 2 лажички суво оригано
  • ½ лажичка црвен пипер
  • Сол и бибер по вкус

За свежата салата:

  • 6 шолји сечкана марула
  • 1 шолја сечкана краставица
  • 1 шолја шери домати, пресечени на половина
  • 1/3 шолја каламата маслинки на половина
  • 1/3 шолја дробено фета сирење
  • 1/4 шолја црвен кромид, сечкан
  • ¼ шолја пиперки

Прелив за салатата:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 цеден лимон
  • 2 лажици рендани кисели краставички
  • 1 + ½ лажички Дижон сенф
  • 1 лажичка мед
  • Сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

Маринирајте го пилешкото месо во ќеса со сите наведени состојки во првиот дел на рецептот. Оставете месото да ги впие состојките најмалку 30 минути или преку ноќ во фрижидерот.

Загрејте ја рерната на 200˚С. Печете го пилешкото врз хартија за печење околу 15-20 минути, додека убаво не зарумени.

Во меѓувреме подгответе го преливот за салатата. Во подлабок сад добро измешајте ги сите наведени состојки.

На поголема чинија или даска за сервирање наредете ги состојките како на фотографијата. (сечканите свежи зеленчуци, маслинките, фета сирењето, месото). Преливот за салата ставете го во посебен подлабок сад.

lesno-zdravo-i-vkusno-rasturena-suflaki-salata-2-2.jpg

lesno-zdravo-i-vkusno-rasturena-suflaki-salata-2-3.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брза пилешка салата – идеално мезе кога чекате гости Заради овој рецепт секогаш ќе практикувате да имате дома пилешко месо и крастави...
Лесна салата со макарони и свеж зеленчук – идеална за топлите денови Кога надвор е претопло и немате желба за многу готвење, ниту за јадење тешка хра...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg