3 рецепти за здрави мезиња, приготвени на вкусен начин
Здравите јадења не значи дека не може да се приготват на вкусен начин, а овие рецепти ќе ве уверат во тоа.
Доколку сте одлучиле дека е време да се откажете од брзата храна, овие мезиња се идеално решение вас.
За собиранките со друштво или како замена за оброк или ужинка – овие здрави мезиња се подготвуваат на начин на кој нема да одолеете.
Изненадете ги најблиските со некое вкусно, здраво мезе:
Мезе 1
Потребни состојки:
- 2 големи модри домати
- 300g доматен сос
- 200g мек кашкавал
- Сол
- Маслиново масло
Начин на подготовка:
Доматите исечете ги на кругови со дебелина од пола сантиметар, наросете им сол и оставете ги половина час.
За тоа време тие ќе го испуштат вишокот вода и горчливоста. Плехот за печење поставете го со хартија за печење и премачкајте го малку со маслиново масло и наредете ги доматите. Печете на 200˚С околу 10-15 минути.
Свртете ги од другата страна, премачкајте ги со доматен сос, наросете го ренданиот кашкавал, а на секое парче ставете лист босилек, наросете уште малку маслиново масло и повторно вратете ги во рерна.
Запечете кратко додека да се стопи кашкавалот и наредете ги едно врз друго како на сликата.
Мезе 2
Потребни состојки:
- 2 големи тиквици
- 300g пилешко филе
- 200g пченка
- 200g црвен грав
- 1 голема главица кромид
- 50ml доматен сос
- 1 голема црвена пиперка
- 3 лажици маслиново масло
- 200g мек кашкавал
- 50g тортиља чипс
- 3 чешниња лук
Начин на подготовка:
Измијте ги тиквиците и исечете ги по должина, а потоа издлабете го средишниот ден (може да го зачувате за супа или да го исечкате ситно и да го искористите). Потопете ги во солена вода па исцедете ги. Додека тиквиците се цедат, направете ја смесата за полнење.
Кромидот исечкајте го и пропржете го малку на загреано масло, додадете го пилешкото месо исечкано на коцки и кратко пропржете ги заедно.
Додадете ја исечената пиперка, пченката и гравот и потоа прелејте со доматно пире. Зачинете со зачини по вкус и додадете го ситно сечканиот лук.
Мешајте додека филот не се згусне, па потоа наполнете ги тиквиците со смесата.
Во загреана рерна на 180˚С ставете ги тиквиците да се печат, а потоа додадете го ренданиот кашкавал и искршениот чипс одозгора, па повторно ставете во рерна на 200˚С додека не се стопи кашкавалот.
Мезе 3
Потребни состојки:
- 5 јајца
- 120g брашно
- 120g масло
- 1 ½ лажици прашок за печиво
- 120g рендан пармезан
- 3 тиквици
- 1 мал кромид
- 1 морков
- 50g сланина
- Зачини по желба
Начин на подготовка:
Изрендајте ги тиквиците и посолете ги. Пропржете ги кромидот и сланината исечени на коцки на малку масло, па потоа изладете ги.
Во сад измешајте ги јајцата, маслото, брашното и прашокот за печиво, а потоа додадете ги тиквиците (претходно исцедени), пармезанот, сланината и кромидот и измешајте добро. Зачинете по вкус.
На хартија за печење истурете ја смесата и печете на претходно загреана рерна на 180˚С околу 40 минути. Солениот колач најдобро се сече кога е ладен и може да се сервира на различни начини.
M. M. | Црнобело