Чоколадна торта со фил кој се топи во уста
Има денови кога едноставно не се грижиме за калориите, а оваа торта дефинитивно ќе ве предизвика денес да биде тој ден.
Чоколадна торта полна со фил кој се топи во уста е нашиот омилен десерт за викендов.
Прочитајте ја постапката, изгледајте го видеото и веднаш влезете во кујна – нема да зажалите.
Потребни состојки:
За тесто:
- 9 белки
- 9 жолчки
- ¾ шолја шеќер
- 1 шолја бело брашно
- 4 лажици какао
- 1 лажица прашок за печиво
За фил:
- 2 конзерви кондензирано млеко
- 2 лажици путер
- 2 лажици какао
- 200g павлака за готвење
- 400g јагоди, пресечени на пола
- 2 шолји чоколадна глазура
Начин на подготовка:
Изматете ги со миксер само белките, а кога добро ќе се изматат, додадете ги жолчките и продолжете да мешате.
Додадете го шеќерот и повторно добро измешајте. Додадете ги брашното и какаото и соединете ја смесата.
Истурете ја смесата во калап со дно кое се отстранува, претходно намачкано со путер и малку брашно.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180˚С околу 30 минути.
Во тавче на тивок оган ставете ги кондензираното млеко, путерот и какаото. Мешајте постојано додека смесата не почне сама да се одвојува од страничните ѕидови.
Додадете ја павлаката за готвење и оставете го тавчето уште малку на тивок оган, со постојано мешање додека смесата не се соедини.
Пресечете го горниот дел од тортата и извадете го тестото од внатрешноста, така што ќе останат само дното и страничните ѕидови, како и горниот дел што ќе служи како капак.
Измешајте ги јагодите во веќе изладениот фил и истурете го во тортата. Поктијте со горниот дел од тортата и оставете во фрижидер 1 час.
Прелијте ја тортата со чоколадна глазура и сервирајте.
Целосната постапка погледнете ја во видеото:
Bolo Bombom de BrigadeiroQuem resiste a um delicioso BOLO DE CHOCOLATE recheado com BRIGADEIRO e MORANGO? 🍫🍓
Posted by Tastemade Brasil on Thursday, November 29, 2018
Bolo Bombom de BrigadeiroQuem resiste a um delicioso BOLO DE CHOCOLATE recheado com BRIGADEIRO e MORANGO? ??
Posted by Tastemade Brasil on Thursday, 29 November 2018
M. M. | Црнобело