Мини сендвич колачи полнети со чоколаден фил
Ако не може да одолеете на колачи кои кога ќе ги гризнете, ви се топи чоколадо во уста, овој рецепт нема да ве разочара.
Можеби ќе бидете скептични за рецепт за колачи кои се прават со морков, но откако ќе ги пробате, нема да зажалите што сте ги направиле.
Овие мини сендвич колачи полнети со чоколаден фил ќе ви ги задоволат желбите за благо во секој момент.
Потребни состојки:
- 1 шолја топло млеко
- 2 лажици сув квасец
- 1 голем морков на парчиња
- 2 јајца
- 4 шолји брашно
- ¼ шолја шеќер
- Сол
- Малку путер
- 1 шолја шеќер во прав
- 400 g чоколадна глазура (фил по желба)
Начин на подготовка:
Измешајте ги млекото, квасецот и прстофат шеќер во еден сад. Во блендер, ставете ги морковите и јајцата и измешајте. Во друг сад, измешајте ги брашното, преостанатиот шеќер и прстофат сол.
Додадете ја смесата со млекото и квасецот, изблендираната смеса со морков и јајца и додадете малку путер. Месете го малку тестото во форма на топка, а потоа ставете го на работната маса и измазнете го со ролер.
Тестото треба да има дебелина од околу 1 cm, а дијаметарот да биде околу 6 cm. Потоа од тестото исечете кружни форми, наредете ги во плех за печење и посипете ги со брашно.
Покријте со чиста крпа и оставете малку да отстојат на потопла температура околу час и половина.
Потоа пржете ги во повеќе зејтин на средна температура додека не добијат златеста боја на двете страни.
Извалкајте ги топчињата во шеќер во прав, пресечете ги на пола и наполнете ги со чоколадниот фил.
Целата постапка погледнете ја во видеото:
M. M. | Црнобело