Најлесната чоколадна торта за која ви требаат само 3 состојки

Откако ќе го изгледате видеото за подготовка на овој рецепт, веројатно веднаш ќе влезете во кујна.

najlesnata-chokoladna-torta-za-koja-vi-trebaat-samo-3-sostojki-01.jpg

Оваа чоколадна торта која се топи во уста се подготвува со само неколку состојки и на многу лесен начин.

Тешко дека ќе одолеете на нејзиниот сочен изглед и вкус и веднаш ќе посакате да ја пробате, а ќе барате и репете.

Како да ја подготвите најлесната, сочна, чоколадна торта која се топи во уста?

Потребни состојки:

  • Чоколаден крем со лешници
  • 400 g чоколадни бисквити
  • 125 g густ јогурт или павлака

Начин на подготовка:

Искршете ги бисквитите и во нив додадете јогурт/павлака. Соединете ја смесата и со половина од неа формирајте едно округло тесто и тргнете го на страна.

Со другата половина формирајте уште едно округло тесто врз кое ќе го истурите и намачкате кремот и ќе покриете со другото тесто.

Декорирајте со многу какао и додатоци по желба и оставете ја во фрижидер 60 минути.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чоколадни бомбици од смеса за готова торта Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Ќе барате уште едно парче - Посна чоколадна торта Обично се смета дека десертите не се посни и дека речиси е невозможно да се напр...
Рецепт за брза чоколадна торта без печење, од само неколку состојки Како да подготвите брза и економична чоколадна торта од само неколку состојки? О...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Чоколаден десерт во микробранова: Орео торта од 3 состојки Оваа торта се пече во микробранова печка и за целата подготовка ќе ви требаат ок...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg