Спој на чоколадо и кокос: Лесна и неодолива баунти торта
Оние кои уживаат во спојот на чоколадо и кокос нема воопшто да се двоумат за вкусот на оваа торта.
Неодоливата комбинација на темно чоколадо и кокос ќе ве освои веднаш, а лесниот начин на подготовка ќе ве натера веднаш да влезете во кујна.
За оваа баунти торта се потребни неколку состојки и не бара многу вештини, па тешко дека нема да ви се погоди.
Тортата која ќе ви стане омилен рецепт на вас и вашите најблиски:
Потребни состојки:
За тесто:
- 9 белки + прстофат сол
- 300g шеќер
- 210g кокосово брашно
За фил:
- 300g темно чоколадо
- 120g шеќер
- 9 жолчки
- 300g маскарпоне (пожелно наместо путер)
- Малку рум по желба
Начин на подготовка:
Во сад матете ги белките со малку сол и постепено додавајте го шеќерот. Потоа додадете го кокосовото брашно и нежно промешајте. Во плех за печење на масна хартија истурете ја смесата. Ставете да се пече на 130˚С додека не стане сува, но внимавајте да остане светла.
За филот, на пареа матете жолчки заедно со шеќерпт и румот, а кога смесата ќе се згусне и ќе добие светла боја, додадете го сечканото чоколадо и тргнете од оган.
Оставете неколку минути топлината од филот да го стопи чоколадото, па потоа промешајте. Кога ќе се излади филот додадете го маскарпонето или путерот.
Тестото исечете го на 3 кори кои ќе ги редите една врз друга, а измеѓу мачкајте од филот.
М. М. | Црнобело