Зимска салата која ги „брка“ маснотиите од телото по прејадувањето

Иако во моментите кога се прејдувавте вкусно месо и леб ви беше супер, последиците од празничните богати трпези ќе ги почувствувате во наредните неколку денови.

zimska-salata-koja-gi-brka-masnotiite-od-teloto-po-prejaduvanjeto-01.jpg

Ако се чувствувате по малку мрзоволно и тромаво, време е за чистење на организмот со помош на една вкусна зимска салата, направена по рецепт кој буквално ги брка маснотиите од телото.

Дополнително го регулира варењето на храната, а притоа ви дава енергија.

Потребни состојки:

  • 2 репки со средна големина
  • 2 цвекла со средна големина
  • 3 моркови со средна големина
  • Малку магдонос
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло и лимон или оцет

Подготовка:

Репката, цвеклото и морковот излупете ги, измијте ги, а потоа изрендајте ги крупно. Зачинете и консумирајте ја салатата неколкупати во текот на денот, како главен оброк или како додаток во оброците.

Секако, во комбинација со неа треба да внимавате и на останатите состојки кои ги внесувате, да бидат лесни за варење.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепт за брза пилешка салата – идеално мезе кога чекате гости Заради овој рецепт секогаш ќе практикувате да имате дома пилешко месо и крастави...
Лесна салата со макарони и свеж зеленчук – идеална за топлите денови Кога надвор е претопло и немате желба за многу готвење, ниту за јадење тешка хра...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg