Полнети „ѓаволски“ јајца за оние кои се на кето диета
Полнетите „ѓаволски“ јајца не се ништо ново во гастрономијата. Со сварените жолчки и други состојки се прави фил и потоа во белките се полнат со него.
За оние кои се на кето диета, постои поздрава верзија која е во согласност со принципите на начинот на исхрана. Тајната е во авокадото, кое ги прави уште повеќе хранливи.
Основниот рецепт е навистина калоричен, бидејќи содржи и мајонез, кој е „лепак“ за испасираните жолчки.
Сварете толку јајца колку што сакате. На три тврдо сварени жолчки одат две лажици мајонез и уште две крем сирење, а додавате и малку сенф. Жолчките изгмечете ги со вилушка, па додадете ги мајонезот, сенфот и крем сирењето. Смесата полнете ја во половинките белки.
За да го адаптирате овој рецепт во кето верзија, наместо мајонез и крем сирење, користете авокадо. Доволно е едно убаво созреано авокадо за три јајца, односно шест полнети половинки.
Постапката е иста. Сварените јајца ги делите на половинки. Жолчките заедно со мекото авокадо ги префрлате во друг сад. Зачинете со оригано, сув босилек и лук во прав и гмечете додека да добиете компактна смеса.
Филот може да го префрлите во готварски шприц или да полните со лажица.
Е. Д. | Црнобело