Готови за 20 минути: Чоколадни кифлички со лешници

Веќе на сите низ глава ни се мотаат празнични рецепти, а откако еднаш ќе ги пробате овие слатки кифлички со лешници и чоколадо, ќе ги подготвувате на секоја прослава и собиранка.

gotovi-za-20-minuti-cokoladni-kiflicki-so-lesnici-01.jpg

Со оглед на тоа што се прават за 20 минути, може да ги подготвите дури и кога сте во брзање.

Потребни состојки:

  • 200g брашно
  • 70g кафеав шеќер
  • 2 лажици какао во прав
  • ½ лажичка цимет
  • Малку сол
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • Вода
  • 60g маслиново масло
  • 30g лешници
  • 50g темно чоколадо

Подготовка:

Лешниците и чоколадото исечкајте ги крупно.

Сите суви состојки ставете ги во длабок сад и промешајте, па додадете ги водата и маслото лажица по лажица, додека смесата не се формира.

На крајот додадете ги лешниците и чоколадото.

Од смесата обликувајте полумесечинки и печете 15-тина минути на 80 степени.

Послужете со топол чај, млеко или кафе. Уживајте!

gotovi-za-20-minuti-cokoladni-kiflicki-so-lesnici-02.JPG

gotovi-za-20-minuti-cokoladni-kiflicki-so-lesnici-03.JPG

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
4 брзи рецепти од ТикТок и Инстаграм кои вреди да се пробаат Ако немате ни време ни нерви да правите суши, можете да искористите калап за маф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg