Сладок намаз со вкус на Божиќ кој ќе го обожавате

Ова е времето од годината кога особено многу ги сакаме рецептите со мирис и вкус на цимет, каранфилче, ѓумбир, тиква.

Sladok-namaz-so-vkus-na-Bozikj-01.jpg

За вас го имаме совршениот рецепт за намаз кој може да се мачка на лепче, палачинки или едноставно да си сркнете лажиче кога и да почувствувате потреба за нешто слатко.

Со суптилен вкус на ѓумбир, ова е рецептот кој во себе го носи божиќниот дух и целата декемвриско-јануарска магија:

Потребни состојки

  • 300 gr кекси со ѓумбир (Speculas)
  • 100 gr путер
  • 20 gr мед
  • 1 лажичка арома од ванила
  • 100 ml млеко

Начин на подготовка:

1. Издробете ги кексите и префрлете ги во блендер. Добро иситнете ги додека не се претворат во прав. Потребно е да добиете фина, ситна смеса која личи на мелена Плазма.

2. На средна температура стопете го путерот додадете го медот, аромата од ванила и млекото и варете додека не се соединат сите наведени состојки.

3. Додадете ја смесата во блендерот заедно со кексите. Текстурата треба да биде мазна, како крем или намаз од кикиритки.

4. Доколку ви е премногу густа, додадете уште малку млеко, а доколку пак сметате дека е ретка, додадете уште малку мелени кекси.

* Овој намаз, освен што е сладок, претставува и одличен подарок. Едноставно спакувајте го во чиста тегличка, украсете ја, и подарете ја некому кој обожава слатко, направено од срце со многу љубов.

Sladok-namaz-so-vkus-na-Bozikj (5).jpg

Sladok-namaz-so-vkus-na-Bozikj (4).jpg

Sladok-namaz-so-vkus-na-Bozikj (3).jpg

Sladok-namaz-so-vkus-na-Bozikj (2).jpg

Sladok-namaz-so-vkus-na-Bozikj (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Викенд рецепт: Сочно пилешко месо и зеленчук, како од ресторан Како да подготвите цела кокошка, но без месото одвнатре да биде суво и жилаво? С...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Колач со вишни, по рецептот на нашите баби Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg