Чоколаден хумус за кој секој ќе ви побара рецепт

Дали можевте да го замислите класичниот рецепт за хумус во слатка варијанта? Ниту ние, сè до овој рецепт.

chokoladen-humus-za-koj-sekoj-kje-vi-pobara-recept-01.jpg

Ако сметате дека јадете премногу благо, но ви е тешко да се откажете од него, чоколадниот хумус кој можете да го јадете со интегрален леб или колачиња навистина ќе заврши работа.

Потребни се само 15-20 минути за да се подготви.

Состојки:

  • Две и пол шолји сварен наут
  • Две полни лажици какао
  • Шест свежи урми (може и повеќе, доколку сакате поблаго)
  • Една лажица таан
  • Бадемово или оризово млеко

chokoladen-humus-za-koj-sekoj-kje-vi-pobara-recept-02.jpg

Подготовка:

Најпрво ставете ги урмите во блендерот и миксирајте додека да добиете паста. Потоа додадете ги и наутот, какаото и таанот и блендирајте додека да добиете компактна смеса. Малку по малку додавајте од млекото, додека да добиете смеса што може да се мачка.

Готовиот чоколаден хумус може да стои во фрижидер и до две недели.

Мачкајте го на интегрален леб, јадете го со колачи или со чипс од сушено овошје. Можете да го комбинирате и со свежо овошје.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg