Чоколадни колачиња кои ќе ги подготвувате цела зима - Супер се за со кафе и чај
Благи однатре, а крцкави однадвор, овие чоколадни колачиња ќе ви бидат омилен десерт цела зима.
За појадок, ужина или во комбинација со кафе и чај – брзо ќе станете зависни од нив, а најдобро од сè е што може да си ги подготвите сами во секое време.
Пробајте да ги направите овие чоколадни колачиња чии количини никогаш нема да ви бидат доволни, а никој нема да може да им одолее.
Омилен благ рецепт за цела зима:
Потребни состојки:
- 2 јајца
- Сол
- 100 g шеќер
- 60 g путер
- 200 g темно чоколадо
- 1 лажица прашок за печиво
- 220 g брашно
- Шеќер во прав (за валкање)
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата со солта, а потоа додадете ги путерот и шеќерот и измешајте. Додадете го стопеното чоколадо, не многу топло и мешајте.
На крај, додадете го прашокот за печиво и постепено додавајте го брашното.
Ставете ја смесата во фрижидер да отстои барем 2 часа, а потоа од неа формирајте топчиња.
Валкајте го секое топче во шеќер во прав, па редете ги во плех на хартија за печење.
Печете 10 минути на 180˚С, оставете малку да се изладат и уживајте во чоколадниот вкус!
https://www.facebook.com/watch/?ref=external&v=2242404296040677
М. М. | Црнобело