Чоколадни колачиња после кои нема да миете садови - се прават во тегла од Нутела
Проблемот со десертите е што секогаш мора да извалкате барем 2-3 садови додека ги подготвите.
За разлика од стандардните, по овие чоколадни Нутела колачиња со растопено чоколадо, нема да мора да измиете ништо.
Се прават во теглата од крем и се печат на хартија за печење.
Потребни состојки:
- 90g бело брашно
- 1 големо јајце
- 275g Нутела (во голема тегла од 400g)
- 60g кршени лешници
- 60g кршено бело чоколадо
Подготовка:
Сите состојки истурете ги во теглата и добро промешајте со голема лажица.
Треба да добиете чоколадно тесто од кое ќе вадите топчиња со лажица за сладолед.
Наредете ги на хартија за печење.
Печете 10 минути на 180 степени.
Изгледајте го видеото за да се уверите колку се лесни и вкусни:
Nutella CookiesEasier than a smoothie bowl, that's for sure. Make our Nutella Cookies 👉 https://bit.ly/2yyXokI
Posted by Tastemade UK on Sunday, October 28, 2018
Nutella CookiesEasier than a smoothie bowl, that's for sure. Make our Nutella Cookies ? https://bit.ly/2yyXokI
Posted by Tastemade UK on Sunday, October 28, 2018
М. Д. | Црнобело