Најлесниот есенски десерт: Јаболка полнети со чоколадо и бадеми во рерна
Печените јаболка се симбол на есента, а кога ќе ги наполните со чоколадо и бадеми, ќе станат омилен сладок рецепт во наредните месеци.
Ова е совршена хармонија помеѓу чоколадото и овошјето, здравото и калоричното, па затоа не мислете двапати пред да ги пробате.
Потребни состојки:
- 4 големи јаболка
- ¼ шолја кокосово брашно
- ½ шолја ситно кршено чоколадо
- ¼ шолја ситно сечкани бадеми (солени или несолени)
- ¼ шолја кондензирано млеко
Загрејте ја рерната додека ги подготвувате состојките.
Тавата за печење премачкајте ја со путер и ставете хартија за печење.
Во мал сад измешајте ги кокосовото брашно, чоколадото, бадемите и кондензираното млеко.
Јаболката издлабете ги во средината со специјално ноже за таа намена или обична мала лажичка, па наполнете ги со смесата.
Убаво наредете ги на тавата, да бидат исправени за филот да не се разлее и печете 45 минути на 150 степени.
Послужете ги топли, а може и врз нив да ставите чоколаден или карамел прелив.
М. Д. | Црнобело