Слатки американски палачинки со додаток кој мириса на есен

Есента е сезона на пченка, костени и секако – тикви, неодоливо вкусна и здрава намирница која може да ја употребите во слатки и солени јадења.

Slatki-amerikanski-palacinki-so-dodatok-koj-mirisa-na-esen-01.jpg

Овие американски палачинки до тиква ќе ве воодушеват и дефинитивно целата кујна ќе ви замириса на слатка есен.

Што ви е потребно?

  • 2 јајца
  • 2 шолји остро брашно
  • 2 шолја пире од тиква
  • 3 лажици путер
  • 4 лажици шеќер
  • 1 шолја млеко
  • 2 прстофат сол
  • 2 лажички прашок за печиво

Начин на подготовка:

1. Стопете го прво путерот. Во длабок сад изматете ги јајцата, додадете шеќер, сол, стопениот путер, пирето од тиква и сè добро измешајте.

2. Во брашното додадете го прашокот за печиво. Во него додадете го и млекото.

3. Потоа оваа смеса додадете ја во првата со јајцата. Доколку забележите дека смесата ви е премногу густа или пак ретка, слободно „поправете“ ја со додавање на млеко или пак брашно по потреба.

4. Со црпалка нанесете ја смесата на намастено и загреано тавче за печење и испржете ги палачинките.

5. Можете да ги јадете со крем, мед, џем или мармалад, по желба.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за најмеките палачинки без млеко (може да останат свежи и до два дена) Подгответе вкусни палачинки и наполнете ги со фил по ваш вкус. Еден од триков...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg