Домашен рецепт за сочна, есенска пита од јаболка

Еден од омилените есенски класици кои вреди да го пробате деновиве – е секако питата од јаболка.

domasen-recept-za-socna-esenska-pita-od-jabolka-1.jpg

Десерт кој за момент ќе ве врати во детството, а мирисот и аромата ќе ги соберат сите најблиски на едно место.

Во комбинација со цимет и шеќер, јаболката знаат да бидат навистина вкусни. Крцкавото тесто ќе му даде добар финиш на целиот спој од вкусови.

domasen-recept-za-socna-esenska-pita-od-jabolka-4.jpg

Потребни состојки:

За крцкаво тесто

  • 2 ½ шолји сенаменско брашно
  • 225g ладен, несолен путер исечкан на коцки
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 6-8 лажици ладна вода

За фил од јаболка

  • ½ шолја шеќер
  • ¼ шолја кафеав шеќер
  • ¼ шолја брашно
  • ½ лажичка цимет
  • ½ лажичка рендано морско оревче
  • 6 јаболка со средна големина, излупени, исчистени и исечкани на средно тенки парчиња

Подготовка:

Помешајте ги шеќерот и солта во брашното. Потоа додадете ги коцките путер и миксер или блендер за храна направете ронливо тесто.

domasen-recept-za-socna-esenska-pita-od-jabolka-2.jpg

Додавајте ја ладната вода малку по малку и започнете да го соединувате тестото. Поделете го на два дела. Замотајте го во пластична фолија и ставете го во фрижидер додека го подготвувате филот.

domasen-recept-za-socna-esenska-pita-od-jabolka-3.jpg

Исечканите јаболка измешајте ги со шеќерот, кафеавиот шеќер, циметот и морското оревче. Додадете го и брашното и добро промешајте во длабок сад. Нека отстојат 30-тина минути.

Развлечете го едното топче тесто и покријте ја тавата за печење со него. Не заборавајте да ги покриете и рабовите од тавата, а не само подлогата.

Наредете ги парчињата јаболка. По желба, меѓу нив може да додадете и неколку мали коцки путер.

Покријте со вториот дел од тестото. Ако сте малку повешти и креативни, со горното тесто може да направите некаков дезен.

Проросете уште малку цимет, шеќер или зачини по желба. Печете на 180 степени околу 60 минути, или додека не забележите дека тестото добива златно-жолта боја.

domasen-recept-za-socna-esenska-pita-od-jabolka-5.jpg

domasen-recept-za-socna-esenska-pita-od-jabolka-6.jpg

domasen-recept-za-socna-esenska-pita-od-jabolka-7.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg