Вегански „браунис“ со просо и урми
Ако е здраво и веганско, нека биде и превкусно.
За подготовка на чоколадните вегански „браунис“ потребни ви се:
- 300 грама сварено просо
- 250 грама свежи урми
- 100 грама растопено темно чоколадо со висок процент какао
- 50 грама мелени чиа семки потопени во 100 милилитри вода
Сите горенаведени состојки се миксираат во блендер.
Префрлете ја смесата во длабока чинија, па додајте:
- 50 грама кокосово брашно
- 4 лажички мед (или јаворов сируп)
Подготовка:
Смесата оставете ја да „одмори“ 20-30 минути. За тоа време, загрејте ја рерната на 170 степени Целзиусови.
Ставете хартија за печење во тавата и нанесете тенок слој кокосово масло. Отстојаната смеса рамномерно нанесете ја во тавата за печење.
Печете го колачот околу 50 минути. Откако ќе биде испечен, оставете го целосно да се излади. Одозгора можете да декорирате со стопено темно чоколадо, со кокос или што било друго по ваша желба.
Бонус совет:
За да ја отстраните целосно горчината на просото, оставете го претходната ноќ на стои во вода во која има исцеден сок од половина лимон. Следното утро истурете ја водата и измијте го просото, па ставете го да се свари.
Е. Д. | Црнобело