Брзи, ладни мезиња - идеални за ненајавени гости
Дури и кога мислите дека немате ништо во фрижидер, со овие едноставни идеи и рецепти, може да послужите нешто вкусно.
Сите имаме неколку блиски пријатели и роднини кои знаат да се појават на вратата ненајавено, па во тие моменти наместо да признаете дека не сте ги очекувале и немате ништо за послужување, бидете мудри и искористете ги овие идеи.
Ви требаат само неколку минути за подготовка на овие ладни мезиња:
Чипс и бел сос со кисели краставички
Состојки:
- 1 шолја крем сирење
- 1 шолја кисела павлака
- Малку исечкан копар
- Малку лук во прав
- Сол по вкус
- 1 шолја исечкани кисели краставички
Измешајте ги сите состојки во една длабока чинија и послужете со чипс околу неа.
Полнети јајца со авокадо
Состојки:
5 варени јајца
½ авокадо
Зачини и сол по желба
Сварете ги јајцата, пресечете ги на половина и одвојте ги жолчките од белките. Жолчките измешајте ги со пасирано и зачинето авокадо, па со мешавината наполнете ги белките.
Маринирана моцарела (или сирење по желба)
Состојки:
2-3 пакетчиња Моцарела
½ шолја маслиново масло
Зачини и сол по желба
Во голем сад ставете ја исечканата моцарела и прелијте ја со маслиново масло. Додадете зачини и билки по желба, па оставете ја неколку минути да остои во фрижидер. Потоа послужете со стапче на секое парче или со багет лепче. Може да додадете и чери домати, доколку имате.
Ролни од салама
Ова е рецепт без точни и конкретни состојки, важна е само идејата.
Во тенко сечкани парчиња салама или сувомеснато наредете зеленчук, сирење или кашкавал по земја и направете мини ролнички.
М. Д. | Црнобело