Колачот „жедна калуѓерка“ ќе ве остави гладни за уште едно парче

Едноставни состојки, брз рецепт без премногу неред во кујната, одличен за ненајавени гости, но и за моментите кога ви се јаде нешто чоколадно.

Zedna-kalugjerka-kolac-01.jpg

Колачот со интересно име „жедна калуѓерка“ има уште поинтересен вкус, а доколку се сомневате, одвојте сосема малку време да го направите и вкусите за да се уверите во неговиот божествено добар вкус.

Што ви е потребно?

За тесто:

  • 6 јајца
  • 1 ¼ шолја шеќер
  • 1 ½ брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 1-2 лажички екстракт од ванила

За прелив:

  • 1 шолја вода
  • 1 шолја шеќер
  • 125 g путер
  • 3 супени лажици какао

Начин на подготовка:

1. Изматете го шеќерот со јајцата и додајте го брашното просеано, заедно со прашокот за печиво и екстрактот од ванила.

2. Добро измешајте ја смесата, поставете хартија за печење и истурете ја во правоаголен плех.

3. Оставете да се испече во загреана рерна на 200˚С, додека не зарумени.

4. Испечениот колач оставете го добро да се олади.

5. Измешајте ги шеќерот, водата, путерот и откако ќе се згреат доволно, додадете го какаото. Оставете да проврие, со непрестајно матење.

6. Истурете ја чоколадната смеса врз онаа од тесто и почекајте добро да се излади.

7. Исечете го во форма каква што сакате и декорирајте го парчето по желба.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg