3 брзи солени рецепти за гости кои обожаваат да јадат со прсти

Ако сте од оние кои преферираат опуштени и неформални дружби и вешто го одбегнуваат приборот за јадење, овие рецепти се вистинско мало откритие.

3-brzi-soleni-recepti-za-gosti-koi-obozavaat-da-jadat-so-prsti-01.jpg

Се прават брзо и лесно, а уште побрзо ги снемува од масата. Несомнено ќе ги обожаваат сите, како возрасните, така и помалите.

Дали сте можеби за солени стапчиња со фил и мортадела, мини-пици кои наместо тесто имаат подлога од свежа тиквичка или пак можеби сакате вистинско лиснато тесто наполнето со вкусна рикота и шунка? Продолжете со читањето (и подготовката) на следните три вкусни јадења:

Солени „цвет“ стапчиња

Потребни состојки (за 2 лица):

  • 150 gr мортадела
  • 1 пакување долги грисини
  • Малку маслиново масло
  • 200 gr свежо меко сирење
  • Зачини (власец, босилок, мајчина душица, нане или други зачини по желба)
  • Неколку стебленца свеж власец

Начин на подготовка:

1. Исечканите свежи или сушените зачини по желба измешајте ги заедно со свежото сирење и направете фил.

2. Додадете малку маслиново масло и добро соединете ги додека не добиете фина кремаста смеса.

3. На парче мортадела нанесете малку од филот и поставете ја грисината. Замотајте и зацврстете ја завитканата мортадела со парче свеж власец.

3-brzi-soleni-recepti-za-gosti-koi-obozavaat-da-jadat-so-prsti (1).jpg

Мини-пици со тиквички

Потребни состојки:

  • Тиквичка
  • 125 gr шунка
  • 50 ml доматно пире
  • Рендан кашкавал
  • Магдонос или оригано
  • Сол

Начин на подготовка:

1. Измијте ја тиквичката и исечете тркалца со дебелина од 1 cm.

2. Потпечете ги тркалцата од двете страни на грил тава или скара и оставете ги малку да се оладат.

3. Премачкајте ги со доматно пире, нанесете рендан кашкавал, па шунка и зачини по желба.

4. На крајот, вратете ги во загреана рерна 1-2 минути, колку да се растопи кашкавалот.

3-brzi-soleni-recepti-za-gosti-koi-obozavaat-da-jadat-so-prsti (3).jpg

Перничиња со шунка и рикота

Потребни состојки (за 12 парчиња):

  • 450 gr лиснато тесто
  • 150 gr шунка
  • 200 gr спанаќ
  • 250 gr рикота
  • 100 gr тврд кашкавал гауда
  • 2 јајца
  • Мускатно оревче, сол, црн пипер

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200˚С.

2. Расукајте го лиснатото тесто и од него исечете 12 мали квадратчиња со димензија 10×10 cm.

3. Добро иситнете го свежиот измиен спанаќ, а шунката исечете ја на ситни коцкички. Помешајте ги двете состојки со рикотата.

4. Додадете ја ситно ренданата гауда, зачинете по желба и добро измешајте ја смесата.

5. Со лажица црпнете малку од филот и истурете во средината на квадратот лиснато тесто.

6. Рабовите завиткајте ги навнатре и премачкајте со разматените јајца, со цел перничињата да добијат убава златно-жолта боја.

7. Печете во загреана рерна од 18-20 минути и послужете додека се топли.

3-brzi-soleni-recepti-za-gosti-koi-obozavaat-da-jadat-so-prsti (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Највкусната пица со тесто од карфиол: Рецепт кој ќе ви помогне во слабеењето Ако сакате пица, со овој рецепт можете да уживате во омилениот вкус без да чувст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg