Шарени летни ролати од тортиља за кои не ви треба печење

Доколку веќе немате идеја што да зготвите, а притоа да не вклучувате рерна, време е за ролати од тортиља.

shareni-letni-rolati-od-tortilja-za-koi-ne-vi-treba-pechenje-01.jpg

Овој ролат е идеален за летните денови, а благодарение на зеленчукот и вкусните состојки е освежителен и изгледа примамливо.

Сè што треба е да намачкате крем сирење на тортиља, да наредите сув домат, спанаќ, сечкан лук, пармезан, сол и бибер и да преклопите со уште една тортиља.

Потоа смотајте ги и направете ролат, ставете малку да се изладат и сечете ги со дебелина по желба.

shareni-letni-rolati-od-tortilja-za-koi-ne-vi-treba-pechenje-02.jpg

Рецептите за тортиља може да бидат најразлични, со разни комбинации на зеленчук, а по желба кашкавал, сирење и салами.

Важно е да ги намачкате со павлака, крем сирење или готова крем салата и да додадете сè што ќе посакате за да изгледаат попримамливо и вкусно.

Погледнете неколку идеи за инспирација како може да изгледаат мини ролатите:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепт за торта со јагоди и крем без печење Ви се јаде нешто слатко, сочно и кремасто, а не сакате да печете? Пробајте ја ов...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Рецепт за колач со кокос и плазма, без печење Овој брз десерт без печење им успева на сите, дури и на оние што не ги „бива“ во...
Фенси појадок што ќе им успее и на оние што не ги бива во кујна Како да направите фенси појадок за гостите што сакате да ги импресионирате со св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg