Медитерански ручеци за 20 минути: Чистени ракчиња на 3 начини

Кога ќе ги исцрпите сите идеи за летни салати, а не ви се јаде тешко месо на високи температури, тркнете до супермаркет и купете пакетче чистени ракчиња.

mediteranski-ruceci-za-20-minuti-cisteni-rakcinja-na-3-nacini-001.jpg

Комбинирајќи неколку едноставни состојки, од нив може да направите вистинско медитеранско задоволство.

И најдоброто е што не ви требаат повеќе од 20 минути за да имате готов, летен ручек:

Салата со ракчиња

Потребни состојки:

  • 450g ракчиња, чистени
  • 1 лажица маслиново масло
  • Сол, бибер
  • ¼ виолетов кромид
  • 1 стапче целер
  • 2 лажички сечкан копар
  • Листови марула за послужување

За дресинг:

  • ½ шолја мајонез
  • Сок од 1 лимон и малку рендана кора од лимон
  • 1 лажица сенф

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени и на голема тава премачкана со маслиново масло распоредете ги ракчињата. Ставете сол и бибер. Печете 5 до 7 минути од секоја страна.

Во голем сад измешајте го мајонезот, сокот од лимон и ренданата кора. Додадете зачини.

Откако малку ќе се изладат ракчињата додадете ги во смесата заедно со ситно сечкан кромид, целер и копар.

Промешајте и сервирајте во листови марула.

mediteranski-ruceci-za-20-minuti-cisteni-rakcinja-na-3-nacini-1.jpg

Ракчиња со пармезан

Потребни состојки:

  • 450g ракчиња, чистени
  • 2 лажици маслиново масло
  • Сок од ½ лимон
  • Сол, бибер
  • 3 чешниња лук
  • ¼ шолја рендан пармезан
  • 2 лажици ситно сечкан магдонос
  • Доматно пире за послужување

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во голем стаклен сад измешајте ги сите состојки, со исклучок на доматното пире.

Ракчињата натопени во смесата со пармезан печете ги на тава обложена со мрсна хартија околу 8-10 минути.

Послужете со ладно доматно пире.

mediteranski-ruceci-za-20-minuti-cisteni-rakcinja-na-3-nacini-3.jpg

Ракчиња со вкус на Тоскана

Потребни состојки:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 450g ракчиња, чистени
  • Сол, бибер
  • 3 лажици путер
  • 3 чешниња лук, ситно сечкани
  • 1 ½ шолја преполовени чери домати
  • 2 шолји спанаќ
  • ½ шолја павлака за готвење
  • ¼ шолја рендан пармезан
  • ¼ шолја босилек

Подготовка:

Загрејте го маслото во длабоко тавче. Пржете ги ракчињата 2-3 минути од секоја страна, додека не добијат потемна боја. Извадете ги ракчињата од тавата.

Во истата тава ставете го путерот и на средна температура продолжете да го топите. Додајте го лукот и гответе 1-2 минути. Додајте ги доматите, па на крајот спанаќот, додека не омекне.

На крај истурете ја павлаката, пармезанот и босилекот. На средна температура гответе околу 3 минути.

Вратете ги ракчињата и мешајте додека не се соединат со сосот. Може да исцедите малку сок од лимон.

mediteranski-ruceci-za-20-minuti-cisteni-rakcinja-na-3-nacini-6.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Крофни со боровинки и прелив од лимон, се топат во уста Овие крофни не се пржат, а остануваат меки и неколку дена (но сигурни сме дека ќ...
Сочни шпагети со ракчиња, готови за 20 минути Љубителите на морско мора да го пробаат овој рецепт за сочни тестенини со ракчињ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg