Домашен чоколаден сладолед со карамела и кикирики за летно освежување

Доколку деновите од летото не можат да ви поминат барем без еден освежителен сладолед, имаме добра вест за вас.

domashen-chokoladen-sladoled-so-karamela-i-kikiriki-za-letno-osvezhuvanje-01.jpg

Сега можете сами да си подготвувате кога сакате и колку сакате.

Тешко дека на некој нема да му успее рецептот, а уште подобро е и тоа што овој сладолед е нискокалоричен.

Набавете ги потребните намирници и направете си залихи од омилениот сладолед.

Потребни состојки (за 6 сладоледи):

  • 3 чаши павлака
  • 2 лажици мелени кикирики (несолени)
  • 2 лажици исечкани карамел бонбони
  • 6 реда чоколадо по желба

Начин на подготовка:

Измелете ги кикириките со 3 реда чоколадо, а остатокот од чоколадото чувајте го за декорација.

Чоколадото, мелените кикирики и исечканите карамели соединете ги со павлаката.

Смесата распоредете ја во калапи за сладолед и ставете ги во замрзнувач 4 часа.

Остатокот од чоколадото стопете го и ставете го во длабок и тесен сад, за во нив да ги потопите смрзнатите сладоледи.

По желба, веднаш потоа можа да ги наросите со издробени кикирики.

domashen-chokoladen-sladoled-so-karamela-i-kikiriki-za-letno-osvezhuvanje-02.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за здрав домашен пудинг од јапонски јаболка и мед Јапонски јаболка во комбинација со какао и мед за совршен здрав десерт, кој се п...
Печени јаболки во лиснато тесто, полнети со ореви Кога ќе споите јаболки, цимет и ореви, добивате совршен есенски вкус и мирис. ...
5 домашни сосови кои се одлична замена за мајонез Се подготвуваат брзо, лесно, вкусни се и здрави и одлична замена се за мајонез.....
Рецепт за домашен сос за скара - совршен за месо, но и за сендвичи Овој сос може да го користите за јадења со месо, како пилешки крилца, свинско ме...
Вкусен домашен ручек - Како да направите тавче гравче? Тавче гравче претставува македонски традиционален рецепт кој бара внимание, но л...
Направете сами: Крцкава пита со чоколаден крем и ф’стаци Чоколадо и ф’стак се навистина совршена комбинација. Затоа, подгответе ја оваа б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg