Брз ручек за лето: Потпечен компир со павлака
-->
Печениот компир од рерна добива посебен вкус благодарение на мешавината од јогурт и зачини.
Може да го комбинирате со свежи салати и сосови, за летниот ручек да биде целосен.
-->
Потребни состојки:
- 5 големи компири
- 2 лажици масло
- 2 лажици густа павлака
- 1 лажичка сол
- ¼ лажичка бибер или лута пиперка
- ½ лажичка нане
- Може да додадете по ½ лажичка од било кој зачин – кари, чили, босилек...
Подготовка:
Излупете го компирот, исечете го на тенки кругови и наредете го во претходно подмачкана тава. Прелијте со мешавината од павлака и зачини.
Ако сакате да направите нешто слично на лесна мусака, постапката може да ја повторите повеќепати, односно да редите слој компири – слој прелив од павлака.
Печете 40-тина минути на 200 степени.
-->
-->
-->
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок
Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за вкусна ужина со грчки јогурт и цреши - децата ќе ја обожаваат
Експериментирајте со овошјето, вкусовите, путерот од јаткасти плодови и уживајте...
Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки
Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари
Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
-->